Кривична пријава за детска порнографија – осомничениот го признал делото

СВР Велес поднесе кривична пријава против П.А. од Виница поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.

Според информациите од полицијата, на 20 ноември 2025 година, пријавениот од лажен профил на социјална мрежа испраќал пораки што содржеле експлицитни фотографии и видеоснимки до профил на малолетно лице.

По преземените оперативни активности, со осомничениот бил извршен службен разговор во полициска станица, при што тој го признал извршувањето на делото.

Случајот е целосно документиран, а против лицето е поднесена соодветна кривична пријава, по што ќе следува натамошна постапка согласно законот.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава