Лажна дојава за бомба во авион на скопскиот аеродром, летовите повторно во нормала

ФОТО: skp.airports.com.mk

Ноќеска, на 16 август 2025 година, на телефонскиот број 112 пристигнала дојава за поставена бомба во авион кој требало да полета кон Турција од скопскиот аеродром. По добиената информација, полицијата веднаш реагирала и извршила проверки, при што утврдила дека дојавата е лажна.

Според соопштението од Министерството за внатрешни работи, дојавата била примена во 02:41 часот. Антитерористичката единица на МВР презела соодветни мерки и по проверките било потврдено дека нема експлозивна направа во авионот. Сите операции на аеродромот продолжиле нормално околу 06:00 часот.

Од ТАВ Македонија исто така потврдија дека рано утринава, околу 02:50, била примена дојава за експлозивна направа. Сите релевантни служби и институции веднаш биле активирани и преземени се мерки согласно утврдените процедури за вакви ситуации. По координација со Одделот за обезбедување на ТАВ, заканата била оценета како лажна и немало откажани летови.

Сообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје бил времено запрен до 06:00 часот, додека МВР не потврдила дека е безбедно да се продолжи со редовните операции. Ситуацијата сега е нормализирана, а летовите се враќаат во редовен режим.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава