Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

Левица: Наместо повисоки плати, Владата носи евтина работна сила

19.01.2026 07:42
Сподели

Од Левица остро реагираат на најавената одлука на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски за издавање дополнителни 10.000 дозволи за престој и работа на странски државјани, оценувајќи дека ваквата политика директно ја поткопува борбата за повисоки плати и ги загрозува правата на домашните работници.

Според партијата, наместо мерки кои ќе го задржат младото и работоспособно население во земјата и ќе создадат услови за достоинствен труд, Владата избира модел кој се темели на увоз на евтина работна сила, со што, како што наведуваат, се притискаат платите надолу и се обезбедува поголем профит за крупниот капитал.

Левица смета дека со оваа одлука извршната власт отворено застанува на страната на работодавачите, прифаќајќи ја логиката дека вредноста на трудот треба да се намалува, а не да се зголемува. Во реакцијата се наведува дека ваквиот пристап ја девалвира работата на македонските работници и ја претвора државата во сервис на економски елити, меѓу кои се посочува и Бранко Азески, за кого тврдат дека има значително влијание врз економските политики без директен изборен легитимитет.

Банер Банер BrandEcho

Партијата дополнително оценува дека одлуката е индикатор оти Владата нема намера да ја зголеми минималната плата, туку да создаде таканаречена „резервна армија на работна сила“, во услови кога голем број македонски граѓани ја напуштаат земјата поради, како што велат, понижувачки ниски примања.

Во соопштението се отвора и поширока тема, при што Левица предупредува дека увозот на работна сила има и геополитичка димензија, наведувајќи дека во јавноста веќе се појавуваат најави за можен прилив на мигранти од Велика Британија. Според нив, ваквите политики ризикуваат Македонија да ја претворат во резервоар на евтина работна сила и прифатен центар за туѓи социјални проблеми, додека сопствените граѓани продолжуваат да ја напуштаат земјата во потрага по подобри услови за живот и работа.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за овулација
Калкулатор за овулација
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

29 aвгуст: ФИЈУК- Меѓународен книжевно-уметнички саем во Гевгелија

Пригодно одбележан Денот на баталјонот за борбено сервисна поддршка во Куманово

12-годишно девојче тешко повредено по пад од електричен тротинет

Започната изградбата на нова фекална канализациона мрежа во Милетково

Црна биланс: 26 пожари за еден ден – граѓаните повикани на внимание

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Македонија

Седница на Генералното собрание на ЗЕЛС, ќе се обрати и мандатарот за формирање нова влада, Мицкоски

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење

Локално

Карпош: Општината приморана сама да се погрижи за спортска сала „Партизан“

Локално

Гевгелија во својот највкусен, најзвучен и најкултурен облик: „Вкуси го југот“- тридневна прослава на идентитетот, традицијата и гастрономијата

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?