Либанка противничка на Рељиќ во четвртфиналето на Олимписките игри

Париз, 8 август 2024 (МИА) – Летиција Ајуд од Либан е ривалката на Милјана Рељиќ во четвртфиналето таеквондо до 57 килограми на Олимписките игри во Париз.

Македонката попладнево забележа голема победа над двократната олимписка шампионка Џејд Џонс од Велика Британија и се пласира помеѓу осумте најдобри.

Терминот за борбата на македонската репрезентативка со таеквондистката од Либан е 15:45 часот.

Во случај на победа, Релиќ ќе биде блиску до медал.

Од Зоран Стерјовски/МИА

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава