Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Интересно

Сибирскиот еднорог изумрел пред помалку од 40.000 години

08.08.2024 14:40
Сподели

Лондон, 8 авгyст 2024 (МИА) – Животно, познато како сибирски еднорог, кое тежело околу 3,5 тони, некогаш се движело по пасиштата на Евроазија. Латинското име му е „Elasmotherium sibiricum“, и имал рог на челото, а се смета за еволутивен предок на носорогот.

Новите, по малку изненадувачки сознанија говорат дека овој „полу-митски ѕвер“ живеел по Земјата во истовреме со луѓето. Некогаш се сметаше дека овој вид изумрел пред 100.000 до 200.000 години, но неодамнешното датирање на фосилни останки го смести во времето од пред само 39.000 години. Важи за роднина на носорогот, но по големина, сибирскиот еднорог се споредува со денешниот слон – поради неговата должина од околу 4,5 метри. Сепак, можеби највпечатлив е неговиот рог којшто додава два метри во вкупната должина. Веројатно рогот ссе состоел од кератин, како и роговите на денешните живи носорози, но тоа допрва треба да се докаже преку зачуван примерок, бидејќи кератинот не преживува меѓу фосилите, каков што е случајот со коските.

Меѓу најзначајните наоди е целиот череп, којшто веќе неколку години се наоѓа во Природонаучниот музеј во Лондон, Велика Британија. При проучувањата на ова ретко откритие заради датирањето, професорот Адријан Листер и неговите колеги заклучија: Фосилот е стар помалку од 40.000 години.

Банер Банер BrandEcho

По консултација со научници од Русија и Холандија, тезата дека овие животни изумреле пред 200.000 и 100.000 години, е отфрлена.

„Постојано ограничениот географски опсег на движење за ‘Elasmotherium‘ (веројатно поврзан со неговото посебно живеалиште), како и малубројноста на овој вид и бавната стапка на размножување поврзани со големиот обем на телото, би го предиспонирале за исчезнување, како и промените во животната средина, додека Преживеале еколошки слични, но многу помали видови (на пр. ‘S. tatarica‘)“, се наведува во научниот напис објавен во „ИФЛ сајенс“ (IFLScience).

Истребувањето на овој вид теоретски би можело да биде забрзано од притисокот на човекот и ловот, со оглед на замената на неандерталецот со хомо-сапиенсот во подрачјето на Евроазија. Но, во мигов нема докази за остатоците од „Elasmotherium“ во ниедно археолошко наоѓалиште поврзано со луѓе, ниту пак, уметнички прикази.

Од Слободан Иванов/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за пресметка на брути/нето плата и придонеси
Калкулатор за пресметка на бруто и нето плата како и придонеси од плата.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Дали Џакарта е новиот глобален гигант? Токио паѓа на трето место!

Кој го поседува Дедо Мраз?

Кои автомобили најмногу се возат на Балканот?

Колку пати Сталин го посети фронтот за време на Втората светска војна?

Македонскиот уметник на торти се надмина себе – го прослави својот роденден со торта на платно

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Интересно

Влажни марамици: Секојдневна употреба и потенцијалната штета

Интересно

Мапата од која треба да се срамиме

Истражување: Под површината на Марс има вода што би наполнила океан

Интересно

Топ 5 најплатените работни места во Германија: Астрономски приходи за неатрактивни занимања

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?