Македонија се пласираше на Европското првенство во ракомет

ФОТО: Ракометна Федерација на Македонија

Со убедливата победа од 26 – 17 над Литванија, машката ракометна репрезентација обезбеди пласман на Европското првенство кое следната година ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска.

Во текот на целиот натпревар Македонија ја имаше контролата. Избраниците на Лазаров брилираа во вториот дел кој го добивме со 13 – 6. Одличен на голот беше Мартин Томовски со 11 одбрани и одличен скор од 55% успешност. Најефикасни стрелци беа Кузмановски и Серафимов со по пет погодоци.

Со оваа победа, а благодарение и на победата на гости во Литванија, Македонија во групата заврши на втората позиција, зад репрезентацијата на Словенија.

Европскиот шампионат ќе се одржи од 15 јануари до 1 февруари. Покрај домаќините и нашата репрезентација, на ова натпреварување пласман обезбедија и репрезентациите на: Словенија, Унгарија, Црна Гора, Исланд, Грузија, Шпанија, Србија, Хрватска, Чешка, Фарски Острови, Холанија, Швајцарија, Литванија, Италија, Германија, Австрија, Португалија, Полска и Романија.

Сподели ја оваа објава