Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Македонија

Македонски Концепт бара строга забрана на комунистичката пропаганда

05.01.2026 08:18
Сподели

Политичката партија Македонски Концепт денеска го поздрави, како што го оцени, „историскиот чекор“ на Полска и Чешка, кои со законска регулатива ја изедначија комунистичката пропаганда со нацистичката, предвидувајќи затворски казни за нејзино промовирање и финансирање.

Од партијата сметаат дека ваквото законско решение претставува европски стандард и патоказ за целосна интеграција во Европската Унија, посочувајќи дека сличен модел треба да биде применет и во Македонија.

Според Македонски Концепт, првиот чекор треба да биде усвојување на резолуција во Собранието, со која државата јасно би се определила за следење на примерот на Полска и Чешка. Како следна фаза, партијата предлага донесување закон со кој, според нив, би се затворила „правната празнина што овозможува глорификација на тоталитарен режим“.

Банер Банер BrandEcho

Во соопштението се наведува дека комунистичкиот режим извршувал систематски репресии, ликвидации без судски пресуди и прогон на лица кои тие ги нарекуваат „македонски патриоти“, и дека, за разлика од европските држави кои се соочуваат со своето минато, во Македонија сè уште постојат обиди за негова рехабилитација и политичка злоупотреба.

Од партијата ги истакнаа и своите конкретни барања, меѓу кои се:

  • криминализација и забрана на јавна употреба на комунистички симболи, говори и собири кои, според нив, поттикнуваат омраза или укинување на основни човекови права;
  • забрана за финансирање на движења и политички субјекти кои промовираат тоталитарни идеи;
  • официјално признавање на, како што наведуваат, криминалите на комунистичкиот режим во Македонија, како основа за историска правда и институционална заштита на идните генерации.

Македонски Концепт ги отфрли обвинувањата од левичарските структури дека ваквите иницијативи претставуваат напад врз демократијата, оценувајќи дека, напротив, демократските вредности се заштитуваат преку јасно разграничување од идеологиите кои, како што велат, вршеле репресија врз сопствените граѓани.

„Македонија не може да биде целосно функционална европска демократија без јасно соочување со тоталитарното минато“, порачуваат од партијата, додавајќи дека нивната визија е „европска Македонија ослободена од идеолошки наследства кои ја ограничувале слободната мисла“.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулаторот за БМИ
Калкулаторот за БМИ (телесна маса)
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

77-годишен маж од САД починал во хотелска соба во Тетово – обдукција ќе ја открие вистината

Жена со секира го нападна невенчаниот сопруг!

ЈАВЕН ПОВИК за учество на едукација на претставници од граѓански организации кои изразуваат интерес за набљудување на Изборите за градоначалници и членови на советите на општините и Градот Скопје, 2025 година

Плоштадот Којник го доби својот нов лик

Возач со 2,38 промили алкохол нападнал полицаец на патот Свети Николе – Пробиштип

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Бројот на пожарите не се намалува, апел до граѓаните да бидат исклучително внимателни

Локално

По 7. пат Битола домаќин на „Трчај бе“

Локално

Берово добива нова улица: „Мирче Ацев“ за побезбеден и поквалитетен пристап

Локално

АРМ триумфира на Работничките спортски игри во Берово

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?