Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Бизнис и Економија

Мицкоски: Мора да го почнеме процесот за воведување трет мобилен оператор за да го заштитиме стандардот на граѓанинот

13.08.2024 17:20
Сподели

Скопје, 13 август 2024 (МИА) – Како Влада мора да работиме да го заштитиме стандардот на граѓаните и да ги подобриме услугите кои ги добиваат. Токму тоа е причината што се обидуваме да внесеме трет мобилен оператор на пазарот.  Сега е само на ниво на интерес и информација и немаме никаков конкретен чекор, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.

-Доколку има некаков конкретен чекор јавноста ќе биде благовремено информирана, но мора да го почнеме овој процес за да го заштитиме граѓанинот од овој дуопол којшто во моментот е на пазарот кај нас и грчевито ќе се бори да ја задржи оваа ситуација на дуопол и тоа ни е јасно. Настрана што е целосно партизиран и октруиран во раководството од страна на некои минати влади коишто во минатите седум години жестоко влијаеја во кадровската политика кај овој дуопол, ние мора да работиме на тоа да го заштитиме стандардот на граѓаните и услугите коишто ги добиваме. Нема да се откажеме како Влада, ниту јас како претседател на Влада од тоа да го заштитам стандардот на граѓаните и да добиваат вистинска услуга онаква каква што заслужуваат граѓаните во 21 век, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање при денешниот увид на градежните работи за доградба на детската градинка Срничка на објектот Изворче во Општина Аеродром.

Наш интерес, додаде, е стандардот на граѓаните и свесни сме дека услугите коишто ги плаќаат граѓаните како резултат на овој дуопол којшто функционира се можеби највисоки и во регионот и во Европа.

Банер

-Единствен начин да се стави крај на овој дуопол е да се промовира трет мобилен оператор, па ќе се измислуваат преку разно разни приказни таа компанија била во соработка со кинески или веќе не знам какви ти не компании. Нашиот став како Влада е јасен, мора да го заштитиме стандардот на граѓаните. Не можеме да дозволиме граѓаните да бидат жртва на овој дуопол којшто денеска функционира. Истовремено е јасен нашиот став, дека која било компанија да сака да биде дел од пазарот и да биде трет мобилен оператор мора да ги исполни условите и критериумите во согласност со определбите на државата, во согласност со стратешката ориентација и од тие земји да биде потеклото на опремата која што евентуално би била вградена доколку се случи да имаме трета компанија која што е заинтересирана, прецизира Мицкоски.

Од Валентин Јанковски/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Поважни линкови
Поважни линкови од државни и јавни институции.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Странците го движат туризмот: Повеќе од 77 илјади туристи во ноември

Покрај Винчини, Макпрогрес поседува и 6 други брендови – со нивно купување давате поддршка на компанијата

Луксузните спортски брендови го засилуваат присуството во Кина

ExxonMobil се враќа во игра: Ги обновува амбициите во гасниот сектор на Мозамбик

Чешкиот милијардер Кретенски ја купи британската пошта

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Бизнис и Економија

Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат: Трговците во неизвесност

Бизнис и Економија

Кина воведува такси за американските бродови: нова ескалација во трговската војна?

Намалени и извозот и увозот во првите два месеца од годинава

Бизнис и Економија

Сензационален раст на работните места во САД: Што значи ова за економијата?

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?