Мицкоски од Штип: Безбедноста и модернизацијата на Армијата се врвен приоритет

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на презентацијата на новата воена опрема во касарната „Јане Сандански“ во Штип, донација од САД. На настанот беше присутна и американската амбасадорка Анџела Агелер.

„Безбедноста на државата и стабилноста се предуслови за развој и иднина. Јакнењето на македонската Армија е клучен дел од тие цели“, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека оваа донација е дел од пошироката стратегија за модернизација на Армијата и зајакнување на логистичката поддршка преку изградба и унапредување на Коридорите 8 и 10, кои се од стратешко значење за Јужното крило на НАТО.

„Ќе продолжиме со вложувања, модернизација и зацртување на јасни приоритети. Благодарност до Армијата, Министерството за одбрана и нашите партнери од САД“, порача премиерот.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава