Ангелов: Над 20 пожари низ државата – критично во Јасен и Јегуновце

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека вчера биле регистрирани над 20 пожари на отворен простор, од кои два се оценети како најсериозни – во Јасен и Јегуновце.

„Пожарот во Јасен е најтежок, но дополнителна грижа предизвика и пожарот во Јегуновце, каде што пламените јазици се приближија до рид со повеќе репетитори. Репетиторите се спасени и функционираат нормално“, изјави Ангелов.

На терен интервенира полициски хеликоптер, а според проценките, пожарот во Јегуновце би можел да биде ставен под контрола до крајот на денот.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава