Му зел илјадници евра, па исчезнал: уапсен на кеј во Скопје

Полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишија од слобода 30-годишниот К.К. од Турција, кој се сомничи дека извршил измама врз друг турски државјанин, оштетувајќи го за 6.650 евра.

Апсењето било извршено на 26 јануари 2026 година, околу 13:40 часот, на кејот „Димитар Влахов“ во Скопје.

Според пријавата, осомничениот во октомври 2025 година преку социјална мрежа стапил во контакт со оштетениот и му ветил дека ќе посредува за обезбедување документи за работа и престој во државата.

По даденото ветување, оштетениот во повеќе наврати уплатувал парични средства преку трансакциска сметка.

Откако осомничениот престанал да одговара на повиците и пораките, оштетениот го пријавил случајот во полициска станица, по што била покрената постапка.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, а против лицето ќе следуваат соодветни законски постапки.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава