МВР: Во Скопје санкционирани 133 возачи

ФОТО: МВР

Скопје, 13 јули 2024 (МИА) – Секторот за внатрешни работи Скопје вчера продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 133 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 17 санкции, 21 меркa за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет санкции за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за некористење на сигурносен појас…

МВР потсетува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи.

Од Неда Димова-Прокиќ Извор МИА

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава