Реал заработи 800 илјади евра на првиот ден од продажбата на дресови на Мбапе

Мадрид, 13 јули 2024 (МИА) – Реал Мадрид продаде седум илјади дресови со името на Килијан Мбапе на првиот ден од продажбата, објави „El Chiringuito“. Приходот изнесува 800 илјади евра.

Промоцијата на 25-годишниот Французин како играч на мадридскиот клуб ќе се одржи на 16 јули. Како гостин ќе гостува поранешниот играч и тренер на „Кралевите“ Зинедин Зидан.

Откриени се детали од претставувањето на Мбапе во Реал Мадрид. Се очекуваат 80 илјади гледачи.

Реал Мадрид за трансферот на Мбапе објави на 3 јуни.

Во сезоната 2023/24, мадридскиот клуб стана шампион на Шпанија и ја освои Лигата на шампионите.

Од Зоран Стерјовски Извор МИА

Сподели ја оваа објава