Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Свет

Нови напади во текот на ноќта – војната на Блискиот Исток се разгорува

04.04.2026 07:07
Сподели

Тензиите на Блискиот Исток дополнително ескалираат, откако серија напади, воздушни удари и инциденти беа регистрирани во повеќе држави во регионот, вклучително Израел, Иран, Ирак и Либан.

Во северниот израелски град Киријат Шмона, ракета погодила станбена област и предизвикала материјална штета. Според израелските медиуми, нападот се случил без претходно активирање на сирените за тревога. Иако нема повредени, оштетени се неколку домови, а од местото се издигал густ чад.

Паралелно со тоа, се интензивираат и воздушните напади врз Иран. Во текот на ноќта биле регистрирани силни експлозии во западните и источните делови на главниот град Техеран. Нападите не биле ограничени само на престолнината, бидејќи интензивно бомбардирање е пријавено и во индустрискиот град Исфахан, како и во Урумија, Хорамбад, Караџ и Ком. Според информациите, американските и израелските сили сè повеќе ги таргетираат индустриските капацитети на Иран.

Банер Банер BrandEcho

Во еден од нападите, бројот на жртви од удар врз мост во Караџ се искачил на најмалку 13 загинати, што дополнително ја зголемува загриженоста за понатамошна ескалација.

Во меѓувреме, иранските власти соопштија дека се извршени егзекуции на две лица поврзани со опозициската група Моџахедин-е-Калк. Според државните медиуми, тие биле осудени за планирање напади во земјата, а пресудите биле потврдени од Врховниот суд.

Нови инциденти се пријавени и во Ирак, каде дрон удрил во нафтен комплекс во Басра и предизвикал пожар. Засега нема информации за евентуални жртви.

Во поширокиот контекст, конфликтот добива сè пошироки размери. Американската војска продолжува со потрага по исчезнат пилот откако иранските сили собориле воен авион во југозападниот дел на Иран. Ирански ракетни напади предизвикале пожари и штети и во јужниот израелски град Беершеба, како и во Рош ХаАјин и други делови на централниот дел на Израел.

Дополнително, во Дубаи паднале остатоци од пресретнат проектил, кои погодиле објекти, меѓу кои и зграда користена од американска технолошка компанија, но без повредени лица.

Во исто време, Израел извршил воздушни напади врз Бејрут, додека либанското движење Хезболах тврди дека продолжува со напади врз израелски војници во јужен Либан.

Сите овие настани укажуваат на сериозна ескалација на конфликтот во регионот, со зголемен ризик од поширока дестабилизација и вклучување на повеќе актери.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Колку ти е здрав работниот ден?
Колку ти е здрав работниот ден?
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Северна Кореја истрела балистички ракети кон Жолтото Море

Белград: На осомничената која удри девојка со автомобил и е одреден притвор до 48 часа

Кина, Иран и Русија ќе спроведат заедничка поморска вежба

Австралија воведува двегодишна забрана за странци за купување недвижен имот

Синоќешните протести во Србија ескалираа: Повредени шест полицајци, 38 приведени

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Велика Британија бара затворање на авганистанската амбасада во Лондон

Свет

Русија не очекува конструктивен дијалог со Западот во блиска иднина

Свет

Анкета: За Данците САД се поголема закана од Северна Кореја и Иран

Свет

Граѓаните на САД се против блокадата на Куба: Протести пред Врховниот суд

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?