Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

Обвинетите во случајот „Геријатрија“ се изјаснија за невини

01.09.2025 16:47
Сподели

Обвинетите во случајот „Геријатрија“ денеска пред Основниот кривичен суд во Скопје изјавија дека не се чувствуваат виновни за делата што им се ставаат на товар. Мухсин Арифи, директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, се соочува со обвинение за примање поткуп, додека Блерим Амити е обвинет за противзаконито влијание.

Според обвинителниот акт, Арифи побарал 20.000 евра за да овозможи прием на пациентка во тешка здравствена состојба. Амити, кој претходно го познавал сведокот, се понудил да посредува и ја примил паричната сума, при што бил фатен на местото на делото од полицијата. Обвинителката Искра Хаџи Василева во воведните зборови истакна дека овој случај е пример за длабоко вкоренета корупција во општеството.

„Пропорциите и интензитетот на корупцијата се толку длабоки што нѐ потсетуваат дека ја засегаат секоја сфера од нашето живеење“, рече таа, додавајќи дека станува збор за грубо барање мито од страна на директорот. Хаџи Василева нагласи дека обвинетите дејствувале со цел лично богатење, искористувајќи ја ранливоста на пациентката и нејзината потреба за итна медицинска помош.

Банер Банер BrandEcho

Таа истакна дека сведокот, кој е давател на доживотна издршка на пациентката, го пријавил случајот, а доказите кои ќе бидат презентирани пред судот јасно ги документираат коруптивните дејствија. Одбраната на обвинетите најави дека ќе презентира докази во вид на статут, процедури и законски одредби кои произлегуваат од институцијата што ја застапувал Арифи. Според нив, овие докази ќе отворат правни прашања со цел да се докаже дека обвинетите немале намера да извршат кривично дело.

„Доказите кои ќе бидат изнесени во понатамошниот тек од постапката, убедени сме, ќе упатат на недоразбирање во овој т.н. кривично правен настан“, изјави одбраната. Судскиот процес го водат судиите Ленка Давиткова и Илија Трпков, а следното рочиште е закажано за 16 септември во 13 часот.

Ad image

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за овулација
Калкулатор за овулација
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Приведен осуденик во тетовско: однесен во затвор за издржување едногодишна казна за тешка кражба

Пратениците ќе ја разгледуваат потребата за носење на измените на Законот за урбанистичко планирање, како и други закони во прво читање

Девет делчевчани на пратеничките листи за претстојните избори

Трагедија во Охрид – Битолчанец се удавил во езерото

Револт кај камионџиите: на бензински станици им било забрането точење на нафта

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Локално

Герасимовски: Нова практика за подобра комуникација со жителите, претставници во секое маало

Локално

Без вода на ул. „Бертранд Расел“ и околината

Локално

Без струја неколку скопски села

Локално

Започнува реконструкцијата на СОУ „Димитрија Чуповски“

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?