Од Општина Карпош соопштуваат дека од денеска Секторот Инспекторат при Општина Карпош ќе започне со акција за спроведување на присилно извршување, односно отстранување на бесправни објекти кое ќе трае најмалку две недели. Во рамки на оваа иницијатива ќе бидат опфатени голем број на бесправни градби за кои има целосно завршена инспекциска постапка согласно Законот за градење. Општинските служби напоменуваат дека, доколку граѓаните сами не ги отстранат бесправно изградените градби, трошокот од присилното извршување ќе им биде наплатен со Заклучок за трошоци.
Од Општината објавија и опоменување до сите оние постапки во Секторот Инспекторат со постапка за присилно извршување на градби изградени без одобрение за градење, како и градби изведени спротивно на член 73 од Законот за градење, да ги отстранат градбите во најбрз можен рок.