Прекин на струја денеска во делови од Ѓорче Петров и Карпош

Од ЕВН Македонија информираат дека денеска, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, ќе има прекини на електрична енергија во делови од скопските општини Ѓорче Петров и Карпош.

Во периодот од 09:00 до 12:00 часот, без струја ќе останат корисниците на делови од улиците Крсте Гермов – Шакир (бреви 30–34) и Тодор Ципоски – Мерџан (броеви 53–57) во општина Ѓорче Петров.

Исто така, од 11:00 до 15:00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците на улицата Франц Прешерн бр. 99 и околните објекти во општина Карпош.

Од ЕВН апелираат граѓаните да имаат разбирање за планираните интервенции и најавуваат нормализација на снабдувањето по завршување на зафатите.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава