spot_img

Либан истрела 25 проектили кон Голанската висорамнина

Тел Авив, 14 април 2024 (МИА) – Во Голанската висорамнина утрово се огласија сирени за тревога бидејќи Либан истрела околу 25 проектили, соопштија израелските одбранбени...
spot_imgspot_img
ПочетнаВестиЕкономијаОдржана Трета седница на Мешовитата комисија по Меморандумот за економска соработка Република...

Одржана Трета седница на Мешовитата комисија по Меморандумот за економска соработка Република Македонија и Словачката Република

На 13 јули 2023 година во Скопје се одржа Третата седница на Мешовитата комисија по Меморандумот за економска соработка помеѓу Република Македонија и Словачката Република. Со седницата претседаваа Зоран Маневски заменик министер за економија на Република Македонија и Петер Швец, заменик министер за економија на Словачката Република

Двајцата ко-претседавачи го истакнаа задоволство што денес после 5 години имаа можност во срдечна атмосфера да ја одржат оваа седница. Меморандумот за економска соработка е поволна платформа за продлабочување на економската соработка.

“Заменик министерот Маневски истакна дека економските области за кои експретите дискутираат на експертско ниво треба да дадат нова димензија во нашите трговски релации. Модалитетите на соработка треба да постанат силен инпут на активен билатерален дијалог, за нашите интереси да се усмерат кон joint venture проекти и силна поддршка на бизнис секторот на двете земји.

Клучните столбови на економска политика на Македонија на среднорочна основа се базираат на иновации, дигитализација, паметна специјализација и индустрија 4.0. Во таа насока, треба заедно да развиваме заеднички проекти за искористување на фондовите на ЕУ и учество во новата програма на ЕУ за Внатрешен пазар која ја потпишавме минатиот месец. ”

Во финалното експозе двајцата ко-претседавачи ги потврдија иницијативите кои се дел од Протоколот за одржување на Третата седница, за нивна реализација до одржување на следната четврта седница на Мешовитата комисија:

  • можноста за склучување на меморандум за продлабочување на соработката во туризмот на ниво на аоцијалиции или агенции
  • презентација на енергетски проекти
  • засилена соработка во областа на ветерина, безбедност на храна и промоција на земјоделско-прехранбен сектор, со посебен акцент на виното
  • поддршка и пренесување на искуствата во иновации, наука и технологии, иновативни еко-систем, развојни програми и проекти.
  • Размена на искуства за технолошки процеси и паркови, и развојни компоненти во green field and brown field инвестиции од областа на автоиндустријата и др.

Република Македонија најмногу тргува со земјите на ЕУ со над 70% од вкупната трговија. Билатералната трговија со Словачката Република е 187 милиони евра во 2021 и  217 милиони евра во  2022.

ЕУ е најголемиот инвестициски партнер на Република Македонија, со доминантно учество од 380 милиони евра во 2022, од вкупно 765 милиони евра со светот. Скоро 50% од вкупните странски инвестиции потекнуваат од земјите членки на ЕУ. Додека во 2021 вкупните инвестиции од ЕУ се 450 милиони евра односно 90% од вкупните инвестиции со светот (471 милиони евра).

Придружете се на Вибер каналот на Македонија Денес. Притиснете ТУКА.
spot_img
spot_img