ООУ “Никола Карев” од Кочани – лидер во спортското образование меѓу основните училишта за 2025 година

Во рамки на манифестацијата “Спортист на годината во Македонија за 2025 година”, ООУ “Никола Карев” од Кочани беше прогласено за најуспешно основно училиште во областа на спортот.

“Со огромна гордост и задоволство објавуваме дека нашето училиште е прогласено за Најдобро основно училиште во областа на спортот во Македонија за 2025 година.

Ова значајно признание е резултат на континуираната посветеност, напорната работа и спортскиот дух на нашите ученици, наставници и ментори, како и на поддршката од родителите и локалната заедница.
Успехот не е само наш, тој е успех и за нашата Општина, доказ дека со заедничка визија, дисциплина и тимска работа се постигнуваат врвни резултати.
Горди сме на секој ученик кој го претставува нашето училиште, на секој наставник кој вложува срце и знаење и на секој успех што го градиме заедно.
Продолжуваме уште посилно, со истата енергија и љубов кон спортот” – е напишано во објавата на ООУ “Никола Карев” од Кочани.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава