Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Reading: Осми ден од блокадата на објекти на РТС
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Follow US
Home » Blog » Осми ден од блокадата на објекти на РТС
Балкан

Осми ден од блокадата на објекти на РТС

22.04.2025
Share
SHARE

Белград, 22 април 2025 (МИА) –  Блокадата на зградите на Радио-телевизија на Србија (РТС) од синоќа влезе во осмиот ден, и како што е најавено, ќе трае се додека не се распише нов конкурс за членови на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ), или додека РТС не „згасне“, јави МИА од Белград.
Студентите во блокада и граѓаните кои ги поддржуваат и утрово се пред зградите на РТС во центарот на Белград, на улицата Таковска и на Кошутњак.

Jавниот медиумски сервис сe уште не емитува редовна програма. Утринскиот дневник повторно беше реализиран како серија снимени прилози, без спикер во студио, а содржеше и избрани снимки од други телевизиски станици.

Претседателот на Српската напредна партија, и екс-премиер, Милош Вучевиќ, рече дека повеќедневната блокада на РТС претставува насилство и посочи дека мора да се покрене кривична постапка против секој што може да се идентификува, за да се покаже дека постои владеење на правото.
Коментирајќи ги студентските блокади на РТС, Вучевиќ изјави дека оние кои учествуваат во тоа мора да добијат кривична пријава.

„Ова што се случува околу РТС е насилство. Обвинителството и полицијата мора да поведат кривична постапка против секој што може да го идентификуваат. Мора да добијат кривична пријава“, рече Вучевиќ.
Тој додаде дека е загрозена е државата, а не само РТС.

„Парадокс е што РТС беше наклонет кон оние кои блокираат. Нивниот број опаѓа, но има луѓе кои ја радикализираат ситуацијата. Според мене, вистинскиот одговор е кривично-правна одговорност за секој што го прави ова“.

Министерот за евроинтеграции во Владата на Србија, Немања Старовиќ изјави дека блокирањето на РТС е апсолутно неприфатливо и такво нешто би било незамисливо во ниту една европска земја – да се врши притисок врз повеќе од 1.000 вработени и новинари и технички лица и да им се ускратат основните човекови и економски права
Тој додаде дека загрижувачки се реакциите на професионалните новинарски здруженија во овој случај.

„Загрижувачки се млаките реакции од професионалните здруженија, зборувам за Здружението на новинари на Србија и за независното здружение на новинари на Србија, а благите реакции што доаѓаат од самата Европска комисија се многу разочарувачки“.

„Се знае како се спроведуваат протести, а тоа не е блокирање на луѓето и создавање нешто што, за жал, не потсетува на заложничка криза во која се наоѓаат работниците на РТС“, посочи тој.

Студентите во блокада од Филозофскиот факултет одговорија дека не спорат дека на работниците на РТС им се ускратени основните човекови права, но не поради блокадата.

„На Старовиќ му укажуваме на следново: не се ускратуваат со блокирање на зградите на јавниот медиумски сервис, туку со ускратување на елементарното право на достоинствена работа што со децении им е ускратено на работниците во оваа компанија“, наведуваат студентите во објавата на социјалната мрежа Икс.

Тие додаваат дека со негирање на можноста за критичко размислување и постапување, бројни малверзации, заплашување и изложување на големи притисоци на вработените во јавниот медиумски сервис, се крши тоа основно човеково право.

„Затоа, целта на оваа акција е да се поддржат работниците и борба за нивните права што им се одземени на нивните работни места“, изјавија студентите.

Вработени во Радио телевизијата на Србија (РТС) собрани околу неформалната организација „Наш протест“ соопштија дека ги загрижува фактот што никој од раководството на јавниот сервис официјално не им се обратил од почетокот на блокадата на медиумот. Тие додаваат дека бараат утврдување одговорност за навреда кон студентите во програмата и оставка од одговорните за тоа.

Вработените во РТС во соопштението потенцираат дека немаат никакви упатства како да го остварат своето право на работа во оваа кризна состојба.

„Зошто менаџментот дискриминира со тоа што само мал дел од вработените ги кани на работа, а другиот поголем дел се игнорира? Зошто ни се ускратува правото на работа? прашаа од „Наш пРоТеСт“ во соопштение.

Тие го повикаа раководството итно да ги контактира со јасни упатства.

„Бараме да ги соопштите имињата и презимињата на лицата кои ги уредуваат вестите откако започна блокадата на зградите на РТС и емитувањето на програми од друга локација“, се вели во соопштението.

„Бараме од главниот уредник на Вести Ненад Љ.Стефановиќ и неговите помошници Горислав Папиќ и Зоран Станојевиќ итно да не известат кој е авторот на текстот во кој студентите во блокада ги споредуваат со нацистите, прочитан во „Дневник“ на 16 април“, се додава во соопштението.

Вработените прашуваат кој од уредниците одобрил текстот да се прочита?

„Бараме итно утврдување на имињата на авторите и уредниците и нивна итна оставка“, заклучува таа група вработени во РТС во соопштението.

Студентите во блокада ги блокираат влезовите на РТС во центарот на Белград и на Кошутњак од минатиот понеделник.
Новиот српски министер за информации Борис Братина во својата велигденска честитка ги повика надлежните органи да ја деблокираат РТС бидејќи нејзиниот пад е исто како и државен удар.

„Пад на РТС под притисок на блокаторите би имал значење на „државен удар“, односно пад на општествениот поредок“, се нагласува во соопштението потпишано од новиот министер за информации Борис Братина.

РТС, поднесе кривична пријава во петокот до Првото основно јавно обвинителство во Белград против непознати лица кои се претставуваат како студенти во блокадата, кои од 14 април блокираат објекти на медиумот во главниот град на Србија.

И српскиот претседател Александар Вучиќ во петокот нагласи дека државата ќе има сила да го заштити уставниот поредок.

„Ги повикувам надлежните државни органи да преземат различни мерки за заштита на уставноста и законитоста во деновите што ни претстојат согласно Уставот и законот… Барам тоа да го направат што е можно повеќе без употреба на сила. Тогаш кога е неопходна сила, во тој случај таа треба да биде најмалку можна за да се решат работите“.

Новинари, сниматели, уредници и продуценти со големи напори реализираат телевизиски програми и покрај незаконската блокада на зградата, студијата, техниката и прогонот на новинарите и снимателите на терен“, соопшти РТС на својот портал.

Од Златко Шумковски Извор МИА

You Might Also Like

Вучиќ: Студентите ќе продолжат со насилства, државата ќе одлучи кога насилствата ќе завршат

На Санторини без поголем земјотрес во текот на ноќта, Мицотакис изразува умерен оптимизам

Грција ја следи ситуацијата со балканската рута и поради опасноста меѓу бегалците и мигрантите да има борци од Хамас или Хезболах

Компанијата Старлинк е подготвена да влезе и на пазарот во БиХ

Во Албанија минатата година рекордни 11,7 милиони туристи

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Балкан

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко
„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија
Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?