Почнува 18. меѓународна детска ликовна колонија „Свети Пантелејмон“

ФОТО: Македонија Денес / makedonijadenes.mk

Скопје, 25 септември 2024 (МИА) – Општина Карпош денеска и утре ќе ја реализира годинашната 18-та по ред меѓународна детска ликовна колонија „Свети Пантелејмон“.

Учесници детската ликовна колонија се ученици од општина Карпош и ученици од збратимената општина Тиват.

Првиот ден ликовната колонија ќе се одржи во манастирот Свети Пантелејмон, на падините на Водно, а вториот ден во галеријата на Детскиот ликовен центар при Библиотеката „Другарче“ – Кинотека на Македонија.

– Оваа манифестација секоја година претставува средба меѓу учесници од земји на Балканот, се со цел продлабочување и воспоставување на трајно и долгогодишно пријателство, кое на карактеристичен начин преку уметноста ја афирмира општина Карпош, информираат од Општина Карпош. 

Од Цветанка Миновска Извор МИА

Сподели ја оваа објава