Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Reading: Вучиќ на Генералното собрание ги обвини западните земји дека ги кршат нормите на ОН
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Follow US
Home » Blog » Вучиќ на Генералното собрание ги обвини западните земји дека ги кршат нормите на ОН
Балкан

Вучиќ на Генералното собрание ги обвини западните земји дека ги кршат нормите на ОН

25.09.2024
Share
SHARE

Белград, 25 септември 2024 (МИА) – Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во говорот на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) ги обвини западните земји за кршење на нормите на ОН и кршење на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, дека Србија, и покрај глобалните предизвици, ги брани принципите на Повелбата на ОН и меѓународното право и дека во овој момент „ нема правда за Србите на Косово“, јави дописниот на МИА од Белград.

-Кога големите лидери овде зборуваат страсно и запаливо за потребата од украинска слобода, за почитување на ОН и нејзината повелба, резолуциите, се прашувам зошто не ја почитуваат Повелбата на ОН и Резолуцијата 1244 кога станува збор за територијалниот интегритет на Србија, праша Вучиќ.

Тој покажа документ во кој стои дека „никој не може да има вооружени сили на територијата на Косово и Метохија освен КФОР“.

Ad image

– Оние кои ја нападнаа Србија се обидоа да заземат дел од нејзината територија, а тоа се обидуваат да го направат и денеска. Ве прашувам, почитувани претставници и пријатели, што да правиме ние како мали слободарски земји, денес во светот сите зборуваат за Украина, никој не смее да зборува за Србија. Ние не сме слуги на Русија или на САД, ние имаме своја политика и свои интереси, рече Вучиќ.

Претседателот на Србија повика на враќање на пропаднатиот кредибилитет на Обединетите нации, додавајќи дека мора да се запре политиката на двојни стандарди.

-Мора да ја вратиме вербата во меѓународното право и принципите за кои сите се согласивме одамна. Мораме да ја вратиме вербата во мирот, бидејќи тоа е единствениот пат кој нема алтернатива, рече Вучиќ.

Вучиќ истакна дека отворањето на „Пандорината кутија“ не се случи со нападот на Украина, туку тоа беше направено во 1999 година, кога почна агресијата врз Србија и кога почна бомбардирањето без одлука на ОН.

За да се избегне какво било недоразбирање, нагласи тој, Србија ја поддржува Повелбата на ОН, територијалниот интегритет на Украина и тоа никогаш не го доведе во прашање.

Светот е на работ на катастрофа, повтори тој, во кој сите, божем, бранат принципи, никој не признава никаква грешка, а на сите им е јасно дека никој никаде нема принципи.

Вучиќ зборуваше за неразумноста на политиките на косовските власти, револтот.

-На прогонот на се што е српско на Косово и Метохија упатуваат низа вознемирувачки потези, од забраната за платниот промет во српската валута- динар на Косово, која трае повеќе од шест месеци, и забраната за поштенски услуги, што го загрозува секојдневниот живот на Србите и другите жители кои не се Албанци, до забраната за посета на поглаварот на СПЦ, Порфирије, на Пеќката патријаршија, посочи Вучиќ.

Потоа се осврна на мислата на поранешниот јужноафрикански лидер Нелсон Мандела дека „вистинскиот и траен мир може да се постигне само преку правда и почитување на човековите права“.

– А како може да има мир на Косово и Метохија ако таму систематски се нарушуваат правниот поредок и основните права на цел еден народ, рече српскиот претседател.

За време на своето обраќање во ОН, тој истакна дека Србија ќе остане посветена на дијалогот со Приштина под покровителство на ЕУ.

Од Оливер Бранковиќ, Србија Извор МИА

You Might Also Like

Извештај на ДИА: Албанската мафија добива лидерство во шверцот со кокаин

Мицотакис: Од 2027 година минималната плата ќе биде 950 евра и со закон ќе биде забрането да се намали

Во БиХ пронајдена уште една жртва од поплавите, бројот на загинати се искачи на 24

Милановиќ: Ниту една држава веќе нема да влезе во ЕУ, можеби само Црна Гора

Три бебиња починаа за 24 часа во српската општина Младеновац, наредена истрага

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Балкан

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко
„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија
Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?