Поради Саша Матиќ ќе се затвори сообраќајот во градскиот парк

По повод одржување на концерт на Саша Матиќ во Спортската сала Гемиџии Велес, Градскиот парк ќе биде затворен за сообраќај во периодот од 18:00 часот па сé до 01:00 часот по полноќ во петок, 18 октомври.

Со цел да се избегнат логистички непријатности, по барање на СВР Велес е донесена одлука да се затвори за сообраќај паркот за време на подготовките и одржувањето на концертот.

Општина Велес со апел до граѓаните да ја почитуваат одлуката за забрана за сообраќај во Градскиот парк во посочениот период.

Извор:veles.gov.mk

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава