Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска ќе има планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија во повеќе општини и населени места низ државата, соопшти ЕВН Македонија.
Во главниот град без електрична енергија ќе останат:
- Центар (07:30 – 15:30 часот) – дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ (бр. 49–53), Поликлиника „Идадија“, Веро маркет, катната гаража, Макпетрол, АМСМ, Клубот на пратеници и околните објекти.
- Аеродром (08:00 – 16:00 часот) – дел од улицата „Тодор Чангов“ со подулиците и повеќе деловни објекти.
- Сингелиќ (09:00 – 13:00 часот) – дел од улицата Финска.
- Карпош (11:00 – 14:00 часот) – улица „Крагуевачка“ бр. 9.
Планирани исклучувања ќе има и во други региони:
- Прилепско – селата Ерекивци, Канатларци, Марул, Лопатица, Бонче и Подмол (09:15 – 15:00).
- Гостивар – реонот околу улиците „Ленинградска“ и „18 Ноември“, како и ООУ „Исмаил Ќемали“ (09:00 – 14:00).
- Струшко – Лабуништа – влезот во селото и дел од индустриската зона (09:30 – 15:30).
- Битолско – село Живојно (09:00 – 16:00) и конзумното подрачје на трафостаницата Сопотница (08:40 – 14:00).
- Кочанско – Јастребник и реонот кон Пониква, како и делови од Зрновци, Кучичино и Бурилчево.
- Струмичко – дел од селото Куклиш.
- Кумановско – Винце и Горно Коњаре.
- Кривопаланечко – делови од Конопница и Мождивњак.
Во тетовскиот регион прекини ќе има во:
Брвеница, Блаце, Милетино, Челопек, Пршовце, Мала Речица, Пирок, Фалише, Долно Палчиште, Вешала, Вејце, Бозовце и Бродец, како и делови од град Тетово.
Прекините во овие населени места ќе траат во различни временски интервали, најчесто од утринските часови до рано попладне.
Од ЕВН информираат дека станува збор за планирани активности за одржување и унапредување на електродистрибутивната мрежа и апелираат до граѓаните навреме да ги приспособат своите обврски.


