Повеќе пријави во Скопје поради непријатен мирис во близина на Вардар

ФОТО: Македонија Денес / makedonijadenes.mk

Во текот на ноќта меѓу 5 и 6 мај 2026 година, повеќе граѓани пријавиле непријатна миризба на хемиски агенси на неколку локации во Скопје, покрај кејот на реката Вардар.

Како што информира полицијата, во периодот од 21 до 00:30 часот во СВР Скопје биле примени повеќе пријави од граѓани, според кои миризбата се чувствувала на подрачјата на Карпош, Ѓорче Петров и Сарај.

За настанот биле известени јавен обвинител, комунални инспектори и инспектор за животна средина на Град Скопје, а надлежните институции преземаат мерки за расчистување на случајот.

Засега нема повеќе официјални информации за потеклото на миризбата.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава