Маж пронајден починат во автомобил

Шеесет и двегодишен жител на Скопје бил пронајден починат во возило на улицата „Перо Наков“ во Скопје, информира полицијата.

Според информациите, случајот бил пријавен денеска, 6 мај 2026 година, во 09:03 часот во СВР Скопје. Починатиот бил пронајден во возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки.

Според првичните сознанија, тој починал додека го управувал возилото.

Смртта ја констатирал лекар, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава