Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Локално

Празнично „МАКЕДОНИСИМО“ на Трпчески и пријателите во Делчево

06.09.2024 07:43
Сподели

Скопје, 6 септември 2024 (МИА) – По трите концерти на отворањето на сезоната на Симфонискиот оркестар на Дизелдорф, каде под диригентската палка на британскиот маестро Алпеш Чауан учествува во изведбата на Концертот за пијано и оркестар број 2 од Рахманинов, познатиот македонски пијанист Симон Трпчески се враќа дома за уште еден настап со интернационалниот музички проект „МАКЕДОНИСИМО“, информира Здружението за култура и уметност „КултурОп“.

По струшкото село Збажди, Скопје, Штип, Битола и село Секирник, Босилово, Струмица, Трпчески и пријателите и пред публиката во Делчево ќе го изведат албумот „МАКЕДОНИСИМО“ што во издание на британската етикета „Лин Рекордс“ го обиколи светот.  Тоа е проект во чии рамки на оригинален начин се обработува македонската народна музика од страна на нашиот композитор Панде Шахов, кој, како што вели Трпчески, „со својот посебен музички јазик ја обои на многу поинаков начин, испреплетувајќи со нашата традиционална музика различни музички стилови“.

Уникатниот тим на „МАКЕДОНИСИМО КВИНТЕТОТ“ и на овој  концерт, што ќе се одржи на летната сцена во Градскиот парк во Делчево, вечер со почеток во 20 часот, го сочинуваат и Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело; на кларинет, саксофон и на кавал Хидан Мамудов, а зад удиралките е Влатко Нушев, кој е роден токму во Делчево.

Банер Банер BrandEcho

Концертот, во организација на Општина Делчево во соработка со „КултурОп“, се одржува во чест на 80-годишнината од ослободувањето на градот и како и сите досегашни изведби на отворено, публиката ќе може да го проследи бесплатно.

Од Сашо Арсовски Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Јавни набавки
Приказ на реализирани и планирани јавни набавки.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Карпош: Запишување на првачиња во учебната 2025/2026 година

Заврши програмата за млади во Кочани „Лето во друштво“

Идниот петок ќе започне уривање на нелегални угостителски објекти во Трговскиот центар

„Витезот Моливко и уште нешто повеќе“ повторно на сцена за Неделата на детето

Кичево добива нов лик: Избрани најдобрите архитектонски решенија за плоштадот

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Локално

Во недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради улична трка на 10 километри

Локално

Општина Карпош: Заврши есенската дератизација

Локално

Делчево: Зголемување на износот за мерките за првачиња и новороденчиња

Локално

Пожарна Подготвеност во Берово: ТППЕ Реализира Успешна Показна Вежба

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?