Поради технички зафат на водоводната мрежа, денес (30.01.2026 година) дел од Скопје ќе остане без вода.
Од надлежните информираат дека поради промена на затворач на булеварот „Александар Македонски“ (кај хотел Континентал), ќе биде прекинато водоснабдувањето за:
- хотел Континентал
- трговскиот центар Ист Гејт Мол
- околните објекти во непосредна близина
Прекинот ќе започне од 09:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности.
Надлежните апелираат до граѓаните и деловните субјекти навреме да обезбедат резерви на вода и разбирање додека трае интервенцијата.


