Состојба на патиштата: Девијација кај Ратево, магла на Тетово–Гостивар, влажни коловози низ државата

Според утринските информации од 06:00 часот, сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива претежно непречено, но по влажни коловози, а на одредени делници има отежнати услови поради одрони и намалена видливост.

На регионалниот пат Берово – Струмица (Р-1302), кај селото Ратево, поради поголем одрон сообраќајот е пренасочен по времена девијација во должина од околу 50 метри. Возачите да возат внимателно и да ја следат сигнализацијата.

Од АМСМ информираат дека намалена видливост поради магла до 70 метри има на делницата Тетово – Гостивар.

Сообраќајот надвор од градовите е со умерен интензитет. На граничните премини нема подолги задржувања за патнички возила и автобуси

Поради можни одрони потребно е прилагодување на брзината и дополнителна претпазливост на патните правци: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен преку НП Галичица е затворен за сообраќај до 31 март.

Поради активни работи на патиштата, пренасочување и посебен режим на сообраќај има на:

  • Коридор 10 (Прилеп – Битола) – сообраќајот се пренасочува по регионалниот пат Р1101
  • Скопска обиколница (А2) – рехабилитација кај Волково – Кондово, затворена лента за претекнување
  • Крива Паланка – Страцин – рачна регулација од 07:00 до 17:00, семафори навечер
  • Косоврасти – Мелнички Мост (Р1202) – санација на свлечиште со времен режим
  • Гостивар – Стража (мост Здуње) – наизменично пропуштање со семафори
  • Прилеп – Битола (Лагово – Тополчани) – времен режим поради изградба на Коридор 10Д

Надлежните препорачуваат намалување на брзината, почитување на сигнализацијата како и внимателно возење во клисури и планински делници.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава