Прекини на електрична енергија низ државата: Еве каде има планирани и непланирани прекини

Поради технички интервенции и дефекти на електродистрибутивната мрежа, денес и утре се евидентирани планирани и непланирани прекини на електричната енергија во повеќе населени места низ државата.

Непланирани прекини

Поради ненадејни дефекти, без електрична енергија моментално се следните подрачја:

  • Алдинци – населбите Црвена Вода, Алдинци, Китка, Палиград и Солунска Глава
  • Прилеп – селата Старавина, Зовиќ, Градешница и Будимирци
  • Охрид – Рамне, населба Рача и Студенчица
  • Штип – Лакавицa, Селце, Степанци, Суво Грло, Горачино, Брест, Ловиште Серта, Лесковица, Гарван, Скоруша и Загорци

Екипите се на терен и се работи на нормализирање на снабдувањето во најкраток можен рок.

Планирани прекини (26.01.2026)

📍 Скопје – Општина Чаир

  • Ул. 393 – од 09:00 до 14:00 часот
  • Ул. Стојна Стевкова – од 09:00 до 14:00 часот

📍 Битола

  • Ул. Раштанска, населба Горно Оризари – од 08:30 до 16:30 часот
  • Селата Суводол и дел од Кутретино со околните објекти – од 09:00 до 10:00 часот

📍 Доброште

  • Дел од селото, објекти во близина на училиштето – од 09:00 до 14:00 часот

📍 Порој

  • Дел од селото, објекти на патот кон с. Ѓермо – од 09:00 до 14:30 часот

📍 Свети Николе

  • Ул. 4-ти Јули, дел од Младинска – од 10:00 до 10:30 часот

📍 Прилеп

  • Ул. Александар Македонски бр. 1 (извод од ТС Дармил кон паркинг кај „Комфи Ангел“ и ЈП Национални шуми) – од 09:00 до 12:00 часот

Од надлежните служби апелираат граѓаните да ја планираат потрошувачката и да имаат разбирање додека траат интервенциите.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава