Претставена Етно собата на Центарот “Етно фолк студио”- Куманово

Центарот за истражување и одржување натрадицијата “Етно фолк студио”-Куманово во ООУ “Вук Караџиќ” ја претстави Етно собата. Оваа културна активност е поддржана од Општина Куманово, преку Јавниот повик за прибирање предлог – проекти за организирање на културни манифестации во Општината за 2026 година.

Беа изложени делови од македонски носии од различни краеви на државата и орнаменти, со детални образложенија околу нивната изработка и уникатноста, кои го отсликуваат македонското богатство и традиција.

Целта на активноста на “Етно фолк студио”, кое успешно опстојува осум години, е да се негува и сочува долгогодишниот труд и ангажман на македонскиот народ. Етно собата ја посетија претставници на општинска администрација и членови на Совет на Општината.

Извор:kumanovo.gov.mk

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава