spot_img

Либан истрела 25 проектили кон Голанската висорамнина

Тел Авив, 14 април 2024 (МИА) – Во Голанската висорамнина утрово се огласија сирени за тревога бидејќи Либан истрела околу 25 проектили, соопштија израелските одбранбени...
spot_imgspot_img
ПочетнаВестиЛокалноПривршува асфалтирањето на новопроектираната улица во Стар Аеродром

Привршува асфалтирањето на новопроектираната улица во Стар Аеродром

Привршува реализацијата на проектот за асфалтирање на новопроектиранта улица во Стар Аеродром, информираат од Општината. Се работи за првата фаза од асфалтирањето на новопроектираната улица 5 во Стар Аеродром, со што граѓаните кои живеат во овој дел од општината, веќе имаат полесен пристап до своите домови.

Проектот опфаќа целосно асфалтирање на улицата со ширина од 6 метри, изведба на тротоар со ширина од 1,5 метар и поставување хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација. Дополнително, по завршување на улицата ќе се изведат и пешачки патеки.

„Реализација на овој инфраструктурен проект кој е целосно финансиран со средства на Општина Аеродром е исполнување на уште едно барање на граѓаните. Паралелно нови инфраструктурни проекти се изведуваат на неколку локации во општината. Градежните активности кои стартуваа на почетокот на ова лето, продолжуваат и следниот период и со нив граѓаните добиваат нови улици, пешачки патеки, спортски игралишта и паркови на неколку локации во Аеродром“ стои во официјалното соопштение на Општина Аеродром.

Придружете се на Вибер каналот на Македонија Денес. Притиснете ТУКА.
spot_img
spot_img