Просечната плата порасна на 46.889 денари – најголем раст во транспортот

ФОТО: Македонија Денес / makedonijadenes.mk

Просечната месечна бруто-плата во декември 2025 година достигна 70.520 денари, што претставува годишен раст од 7,5 проценти.

Зголемувањето на платите, според статистиката, во најголем дел се должи на растот во секторите:

  • Транспорт и складирање,
  • Земјоделство, шумарство и рибарство,
  • Трговија на големо и мало и образование.

Кај нето-платата, највисок годишен раст е забележан во транспортот и складирањето – 13,4 проценти, додека земјоделството бележи 10,9 проценти, а трговијата и образованието по 9,7 проценти.

На месечно ниво, односно во споредба со ноември 2025 година, најголем раст на платите има во:

  • Транспорт и складирање,
  • Рударство и вадење камен,
  • Градежништво.
Сподели ја оваа објава