Прво па машко

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство  во Скопје во 00.01 часот се роди првото бебе во Македонија.

– Се роди здраво машко бебе, тешко 3190 грама и долго 50 сантиметри, информираат од  Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.

Универзитетската клиника објави и пост на Фејсбук и истиот го пренесуваме во целост:

„Првото бебе во 2025 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.01 часот.
Годинава ја почнавме со принц!
Бебето е од машки пол, тешко е 3190грама и е долго 50 сантиметар и е прво на мама и тато.

На принцот му посакуваме силно здравје и среќни детски дни, реализирани сни и куп детски палавости што впрочем зборува за големи детски радости, посочуваат од Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.“

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава