Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Големина на фонтAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Големина на фонтAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Следете не'
Здравје

Разновидна исхрана за правилен развој на детскиот мозок

16.04.2024 12:10
Сподели

Лос Анџелес, 16 април 2024 (МИА) – Храната што децата ја јадат влијае на нивниот развој, но и на развитокот на врските во нивниот мозок, објави списанието „Педијатрикс“ (Pediatrics).

Насоките на Американската академија за педијатрија (ААП), ги наведуваат протеините, цинкот, железото, фолатите, одредени витамини и незаситените масни киселини како најважни хранливи материи за бебето. Имено, исхраната во којашто недостасуваат овие хранливи материи може да доведе до доживотни последици во работењето на мозокот. Д-р Сара Џејн Шварценберг од Комитетот за исхрана на ААП вели дека се препорачува доењето да трае до околу шестмесечна возраст. После тоа, мајчиното млеко не ја обезбедува доволната количина железо и цинк што им е потребна на бебињата кои растат.

– И друга храна за бебиња е збогатена со цинк и железо, но пасираното месо е добар природен извор на овие хранливи материи. Житарките за доенчиња исто така се збогатени со овие хранливи материи и можат да бидат добра прва храна за бебињата, појасни д-р Шварценберг.

Банер

Кога ќе потпорасне, најдобра исхрана за едно дете е онаа разновидната – со малку месо богато со протеини, но и овошје и зеленчук коишто содржат разни и различни витамини и минерали.

– Доенчињата се многу чувствителни на недостаток на хранливи материи. Нивниот мозок се развива со висока стапка меѓу првата и втората година, така што педијатрите треба да препорачаат здрава палета на храна, додава лекарката.

Истражувањата покажуваат дека раната здрава исхрана е важна за развој на здрав мозок. Ако тоа се одложи, има помала можност за надоместување на изгубеното време потоа, според стручњаците.

Од Слободан Иванов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Поважни телефони
Телефонски броеви од државни и јавни институции.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Недоволно витамини и минерали предизвикува различни непријатности во телото
Регенеративна медицина – лекување со сопствени клетки
Знаците на недостаток од витамин Б кои не смеете да ги игнорирате!
Изненадувачко откритие: млекото хидрира подобро од водата, тврдат научници
Сè те боли, а лекарите велат дека си здрав? Можеби станува збор за скриен замор на телото
Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Здравје

Препознајте ги првите знаци на инсулинска резистенција и спасете го вашето здравје!

Совет од стогодишничка: Избегнувајте алкохол и негативни луѓе

Здравје

Замастен црн дроб: Фактори на опасност и совети

Во Шпанија откриен нов вирус кој го пренесуваат комарците

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?