Санкционирани 106 возачи во Неготино и Кавадарци

ФОТО: МВР

Скопје, 1 април 2024 (МИА) – Вкупно 106 возачи се санкционирани во акциска контрола на полицијата спроведена на територија на Кавадарци и Неготино.

Од нив, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, 25 возачи возеле без возачка дозвола, седум со возачка дозвола со поминат рок на важност, а 11 се казнети за непрописно вградени фолии (затемнети стакла).

Во контролата санкционирани се и четворица возачи кои возеле под дејство на алкохол. Одземен е и еден моторцикл.

Од Билјана Анастасова-Костиќ Извор: МИА

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава