Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Религија

Скандалозното почитување на слободата

16.02.2026 09:56
Сподели

Во параболата за блудниот, Бог, како Отец, пројавува восхитувачка почит кон човечката слобода и волја. Таткото од параболата не се грижи за својот углед, за тоа што ќе каже светот, ниту, пак, стравува дека ќе го изгуби својот потпор, својот помошник, своето дете.

Тој тагува за неговото заминување, но не сака да го спречи иако тоа го може. Понекогаш, големата слобода од Бога, злоупотребувајќи ја, може да биде погубна за нас. Поради тоа, би сакал да бевме повеќе ограничени. Бидејќи не знаеме да ја цениме и да ѝ се радуваме на слободата.

Љубовта на таткото е извонредно благородна. Тој сака покрај Себе возљубени деца, а не робови – несреќни, неслободни и неволни слуги, исплашени. Тој Му дозволува на синот да ја злоупотреби својата слобода – игра мошне опасна. Знаете, рокчињата, на почетокот се слатки, а на крајот горчливи како и гревот. Без Бога, човекот гладува и жеднее и останува сам. Глад и жед ненаситни, страшна осаменост.

Банер Банер BrandEcho

Потрагата по задоволствата носи неподнослива болка. Сепак, големата љубов на неговиот татко секогаш го придружуваше. Токму таа татковска љубов, не го натера да го заборави и да падне во очај. Беше целосно сигурен во љубовта на татко му и тоа го спаси. Го спаси и тоа што не доцнеше и не одолговлекуваше. Спасителната мисла веднаш ја претвори во дело. Таткото го чека, толку е голема неговата љубов.

Светите отци велат дека, дури и само оваа евангелска одломка да останеше од целото евангелие, ќе беше доволна за спасение на човекот. И параболата не треба да се нарекува „парабола за блудниот син“, туку „за милостивиот Отец“.

Ad image

Во продолжение на параболата се појавува и постариот син. Тој бара награда за својот труд, се фали со својата морална исправност и се чувствува неспоредливо подобар од својот брат. Нема никаква желба да учествува во татковата радост за враќањето на изгубениот брат. Настаните го разобличија, го покажаа гол од секаква доблест.

На крајот имаме двајца блудни синови. Првиот, помладиот, се кае и во солзи се враќа во својот дом. Вториот, на неочекуван начин, се покажува како блудник без воопшто да го напушта својот дом. Блудствува во своите мисли и во дворот од татко му, срцето си го прави разбојничко дувло. Тој дури и не влегува во домот за да учествува во радоста на својот татко, тој е суров и самодоволен фарисеј кој бара Бог да ги казни грешниците, и да се оправда себеси.

Плачеле и митарот  и блудниот син, но фарисејот и постариот син воопшто не заплакале затоа што имале егоизам кој не ти дозволува да плачеш.

Потребна ни е внимателност и молитва за Бог да нè просветли да ја согледаме нашата внатрешна духовна состојба, бидејќи трагично е да живееме внатре во Црквата, а сепак да бидеме надвор од неа како постариот син.

Отците и домаќините на семејствата, родителите и учителите треба да ги трпат и прифаќаат децата, да ги поттикнуваат кон чест, да ги учат со својот светол пример, да трпат, да се надеваат, да се молат.

На крајот, светиот митник и блудниот син тоа и го прават, бидејќи зборуваат со дела на вистинско покајание. Наспроти нив, „праведниот“ постар син и фарисејот бараат признание и почит, тие се непокајани и лицемерни, тие не учествуваат во радоста на другите, тие се страшно егоистични. Затоа, да се угледаме на митникот и на блудниот син во нивното покајание, за да го доживееме рајот уште отсега.

ИЗВОР: bigorski.org.mk

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор: Колку те чини автомобилот годишно?
Калкулатор: Колку те чини автомобилот годишно?
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Епископ Марко богослужеше во делчевското село Габрово за празникот Прочка

Божикна порака од архиепископот Стефан: Живееме во свет во кој има неправди и беззаконие, да не дозволиме тоа да ни стане прифатливо

БИГОРСКИ МАНАСТИР: Соопштение и покана за Божикните празнувања

Денес е Навечерие на Богојавление – зошто се пости и што значи Водокрст

Господ нè повикува: „Излези од гробот на рамнодушноста“

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Религија

Италијански кардинал осуден за проневера и измама изјави дека нема да учествува во конклавата за избор на нов папа

Религија

Велики Петок

Религија

Богородичната икона Троеручица пристигна во Скопје

Религија

Зошто се слави Василица – традиции и обичаи

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?