Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Религија

(ВИДЕО) Богојавление свечено одбележано во Ростуше – осветување на водите на Радика

19.01.2026 22:39
Сподели

Настапи денот на Божјото откровение – Богојавление, празникот кога, според христијанското учење, Бог не само што Му се објави на човекот, туку повторно влезе во историјата за да ја преобрази однатре. Денот кога небесата се отвораат како жива благодатна стварност, а човекот се повикува на духовно будење и богопознание преку светлината на Света Троица – Отецот, Синот и Светиот Дух.

И годинава, празникот беше свечено одбележан од монашката заедница и верниот народ во храмот на Пресвета Богородица – Ростуше, каде што бројни верници се собраа на молитва и заедничко учество во Светата Василиева Литургија. Со богослужбата чиноначалствуваше епископ Антаниски г. Партениј, игумен и духовен старец, а литургијата претставуваше средиште на целокупното празнично торжество.

Храмот во Ростуше беше исполнет со верници кои, како една Црква и едно тело Христово, пристапија кон светата Евхаристија, сведочејќи за живата вера и заедничкото учество во Празникот на Светлините. Молитвената атмосфера, сплотеноста и радосните лица беа одраз на длабоката духовна смисла на Богојавлението – празник на очистување, обновување и просветление.

Банер Банер BrandEcho

По завршувањето на Литургијата, од храмот тргна свечена молитвена литија кон реката Радика. Со молитва и славословие, верниците се упатија кон водите, симболично продолжувајќи ја литургиската соборност надвор од храмот, сведочејќи дека и природата е повикана да стане простор на Божјото присуство.

На мостот над Радика беше извршен Големиот Богојавленски водосвет, при што чесниот крст беше положен во осветените води како знак дека Христовата благодат го допира и го преобразува целиот тек на човечкиот и природниот живот. На настанот присуствуваа околу четиристотини верници, кои со трепет го очекуваа чинот на фрлањето на крстот.

Ad image

Честа да го извади чесниот крст од водите ја имаше 23-годишниот Милко Божиновски од Ростуше, кој прими благослов и молитви од владиката. Пригодни награди за крстопоклоникот обезбедија пријатели на манастирската заедница, како и Онер Јакуповски, градоначалник на Општина Маврово и Ростуше.

На празничното свештенодејствие присуствуваше и Денион Мејдани, амбасадор на Република Албанија, кој заедно со верниот народ ја сподели радоста на овој голем христијански празник, нагласувајќи ја неговата духовна и човечка димензија.

Со светата Литургија, литијата и осветувањето на водите, и ова Богојавление беше доживеано како жив настан на Црквата, празник во кој човекот и природата, осветлени од Троичната светлина, ја почувствуваа благодатта на обновувањето.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за вредноста на платата денес
Калкулатор за тоа колку вреди твојата плата денес.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Најпосле дозвола за богослужба во Манастирот на Пресвета Богородица (Сумела) во Понт

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Петровден и Павловден: Денови на вера, обичаи и жетварска надеж

Што е именден и зошто го славиме?

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во посета на Бигорски манастир

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Религија

Порака на Реисул Улема Х. Хфз. Шаќир Еф. Фетаи во пресрет на месецот Рамазан

Религија

Распоред на богослужбите за Страсната седмица и Воскресението Христово – Света Пасха

РелигијаСвет

Католиците го слават Велигден

Религија

Вартоломеј: Се надевам дека новиот папа ќе го продолжи, ќе го промовира и ќе го негува дијалогот меѓу Истокот и Западот

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?