Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Магазин

Совети за „поприродна руса“ коса

21.08.2024 20:00
Сподели

Белград, 21 авгyст 2024 (МИА) – Според некои податоци, приближно 50 отсто од жените во светот, во просек, си ја бојадисуваат косата почнувајќи од 27-годишна возраст. Природната боја на коса доаѓа од два пигменти – еумеланин којшто преовладува кај луѓето со потемна боја на коса, и феомеланин, што дава црвени нијанси. Русата коса, пак, се јавува поради помала количина на пигмент, а белата, т.е. сивата коса – кога присуството на пигмент е значително намалено или воопшто го нема.

Фарбањето коса постои долго време. Старите Египќани, на пр. користеле боја на база на олово за потемнување на косата. А пак, денес голем број жени сакаат да си ја осветлат косата. Но, многу бои за коса содржат хемикалии коишто можат да бидат штетни или да предизвикаат иритации, алергии, губење коса, црвенило на скалпот, коњуктивитис, главоболки и други несакани последици, пишува „Н-1“.

Следат шест помалку штетни алтернативи и опции за „поприродна руса“, а негувана коса…

Банер Банер BrandEcho

Камилицата е лековито растение што традиционално се користи и за природно осветлување на косата. Концептот е следен: Се вари чаша, или две – чај од камилица и се остава да се излади. Тоа потоа се нанесува на косата еднаш на ден и, по можност, се одбира посончево место за сушење. Повторете ја постапката неколкупати, сѐ до првите резултати.

Цимет и мед… Се меша лажица цимет со две лажици мед и се остава да отстои половина час. Ова „природно белило“ за косата се нанесува на влакното и треба да делува најмалку четири часа. Очекувајте посветла нијанса по неколку вакви третмани.

Со сода-бикарбоната (околу третина шолја за кафе) и малку топла вода се прави паста (можеби ќе треба повеќе ако се работи за подолга коса)… Откако ќе постигнете погуста смеса, таа се нанесува на косата и треба да делува околу 15 минути.

Потоа, влакното се мие со шампон и на крај се нанесува вообичаениот регенератор за коса. За подобри резултати сее користи и шампон којшто содржи сода-бикарбона.

Сокот од лимон е уште едно природно средство за посветла коса, а веројатно и најпознато од сиве овие. Лимонот делува така што се ползува високата количина киселина којашто, исто како и другите – ќе ги осветли влакната.

Употреба: Се меша лажица сок од лимон со околу два литра вода. Заради посилни ефекти на избелување, само се додава повеќе сок од лимон. Тоа треба да отстои до еден час, по можност – на Сонце. Потоа косата се плакне и постапката се повторува.

Јаболковиот оцет може да ѝ даде на косата посилен сјај, но и осветлувачка свежина. Употреба: Се меша половина чаша јаболков оцет со половина чаша дестилирана вода. Потоа се распрскува врз прамени коса. Се остава да делува околу половина час и потоа се мие.

И морската сол е одличен спој со Сонцето… И со топла домашна вода.

Се раствора лажица морска сол во отприлика половина чаша топла вода. Тоа се нанесува на косата, да делува околу 20 минути. Косата, потоа се плакне и суши.

Вообичаено, овие средства за осветлување на косата може да се комбинираат, заменат, и да се надополнуваат.

Важно: Имајте предвид дека резултатите може да се разликуваат и да варираат, бидејќи секое влакно е различно. И покрај природните состојки, сè уште се можни алергии, па доколку почувствувате некаква иритација, престанете со употребата на средството и веднаш темелно исплакнете ја косата и скалпот.

Од Слободан Иванов/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Курсна листа
Преглед на дневна курсна листа на НБРМ.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Топ 5 технолошки новитети кои доаѓаат во блиска иднина

Видео од саемот за автомобили во Белград

Во ЕУ во јуни регистрирани речиси 1,1 милион нови автомобили

„30 години Пука Козметика“ – подготовките во тек

Лада со раст на продажбата и производството

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Вицови

Виц: Попот и златната риба

Здравје

Колку често треба да се спортува за оптимално здравје?

Здравје

Малтежаните најздрави меѓу жителите на ЕУ

Автомобилизам

Не е само мода: Зошто белите автомобили и понатаму се најчест избор на возачите

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?