Средба со г. Радивоје Грујиќ – правен аналитичар во Набљудувачката мисија на ОБСЕ

Денес, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), одржа работна средба со г. Радивоје Грујиќ – правен аналитичар во Набљудувачката мисија на ОБСЕ – Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР).

На средбата, Заменик претседателот на ДКСК м-р Цвета Ристовска го информираше правниот аналитичар Грујиќ за законските надлежности и улогата на ДКСК во изборниот процес. Исто така, беа образложени тековните и планираните активности на ДКСК во насока на следењето на изборниот процес со цел обезбедување на транспарентно и законско користење на јавните добра и трошење на буџетските средства.

На средбата беа дискутирани предизвиците со кои се соочува ДКСК следењето на изборниот процес како и  системските слабости и законските недоречености во изборната регулатива.

Набљудувачката мисија на ОБСЕ ќе го следи спроведувањето на локалните избори во Република Северна Македонија закажани за 19 октомври 2025 година со свои набљудувачи и по завршување на изборниот процес ќе изготви извештај за констатираните слабости и препораки за унапредување на изборната регулатива.

Договорена е меѓусебна соработка и интензивна комуникација во текот на целиот изборен процес.

Извор:dksk.mk

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава