Традицијата оживеа на „Шопска Софра 2025“ во Крива Паланка

Настанот се одвиваше во пријатна празнична атмосфера, со презентација и дегустација на традиционални специјалитети, солени и слатки, внимателно приготвени од вредните раце на локалните домаќинки. Софрата наликуваше на гастрономско богатсво со рецепти што се пренесуваат од генерација на генерација – сведоштво за богатото кулинарско наследство на кривопаланечкиот регион.

„Шопска Софра 2025“ не е само гастрономски настан – таа е симбол на семејството, заедништвото и топлината на домот. Во време кога глобалните трендови полека го менуваат секојдневието, токму ваквите манифестации претставуваат силен потсетник за значењето и очувувањето на автентичната култура, вкус и обичаи.

Преку оргаризирањето на вакви манифестации, општина Крива Паланка настојува да се очува традицијата и да се сподели со светот, и секако да се даде можност за развој – преку поддршка на локалната храна, туризмот, малите производители и угостителскиот сектор.

Манифестацијата „Шопска Софра 2025“ е  место каде што минатото, сегашноста и иднината седнуваат за иста трпеза –трпеза исполнета со љубов, со почит и со вкус што останува во сеќавањето на секој посетител.

Извор:www.krivapalanka.gov.mk

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава