Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Локално

Игра, учење и другарство: „Пипи Долгиот чорап“ на Весел театар – Прилеп ги освои малите гледачи во Гевгелија

10.10.2025 08:47
Сподели

На 9 октомври 2025 година, на сцената на Народниот театар во Гевгелија, дечињата од предучилишна возраст уживаа во претставата „Пипи Долгиот чорап“, во изведба на Весел театар- Прилеп. Гостувањето на претставата е дел од повеќедневните активности обединети во програмата „Јас сум дете- ги знам моите права“ во организација на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија, коишто се реализираат во рамки на Детската недела и е составен дел од културната програма на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“.

Преку ликовите од „Пипи Долгиот чорап“, актерите Гоце Илиески- Балада и Теона Богданоска директно ги вклучуваа децата во сцените, ги поттикнуваа да учествуваат, да реагираат, да одговараат прашања и да носат свои одлуки во текот на претставата. На овој начин, децата стануваа активни учесници, а не само пасивни набљудувачи. Покрај забавата, претставата пренесува важни пораки за искреното другарство, чесноста, почитта кон возрасните и убавините на детството и градинката. Оваа интерактивна форма на театар им помага на децата да ги разберат своите права, вклучувајќи го и правото на учество во културни и уметнички активности, и им овозможува да се чувствуваат значајни и слушнати.

Овој настан како дел од манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“ има за цел да ја зајакне културната сцена на градот и да создаде интерактивен културен простор за сите генерации. Претставата „Пипи Долгиот чорап“ е пример како културата и уметноста можат да ги зближат децата со актерите, поттикнувајќи ги да учат, да се забавуваат и да развиваат љубов кон театарот и културата уште од најрана возраст.

Банер Банер BrandEcho
Извор:gevgelija.gov.mk

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор: Колку те чини автомобилот годишно?
Калкулатор: Колку те чини автомобилот годишно?
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Неколку скопски села утре без струја

Општина Карпош со наменски контејнери за кабаст отпад

Без вода корисниците на дел од улиците „Ловченска“ и „Леринска“ во Општина Карпош

Положено свежо цвеќе во чест на 81 година од бегството на политичките затвореници

Општина Делчево: Соопштение за поднесување даночна пријава за недвижен имот

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Локално

Општина Ѓорче Петров воведува услуга за поддршка на изнемоштени и болни лица

Локално

Викенд за опивање: Двајца возачи приведени поради алкохол во Македонска Каменица

Локално

Автобусите денеска ќе сообраќаат по неделен возен ред

Локално

Објавен огласот за избор на најуспешен оризопроизводител на општина Кочани

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?