Трагедија во Минхен: Бугарка нападна минувачи со нож – застрелана од полицијата

Центарот на Минхен денеска беше потресен од крвав напад кога 30-годишна жена, идентификувана како државјанка на Бугарија, нападна неколку минувачи со нож. Во нападот беа повредени маж на 56 години и жена на 26 години.

Полицијата реагирала веднаш и ја застрелала напаѓачката. Таа била пренесена во болница и оперирана, но, според информациите од германскиот весник „Билд“, подоцна им подлегнала на повредите.

Областа на инцидентот беше брзо обезбедена, а на терен пристигнаа единици од интервентната и криминалистичката полиција. Повредените лица добиваат медицинска помош, додека трае истрагата за да се утврдат сите околности и можниот мотив за нападот.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава