Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Свет

Трамп: Палестинците ќе добијат нови домови, но не во Газа

10.02.2025 23:45
Сподели

Вашингтон, 10 февруари 2025 (МИА) – Американски претседател Доналд Трамп изјави дека Палестинците нема да имаат право на враќање во Газа како дел од неговиот план за раселување.

Во интервју за „Фокс њуз“, на прашањето дали Палестинците би имале право да се вратат во своите домови во Газа, Трамп одговори: Не, не би имале право, бидејќи би имале многу подобро место за живеење.

Тој додаде дека планира изградба на трајни живеалишта за раселените, бидејќи „на Газa ќе ѝ бидат потребни години за да стане повторно населива“.

Банер

Трамп минатата недела, за време на средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Вашингтон, најави дека САД ќе ја преземат контролата врз Појасот Газа, ќе ги урнат уништените згради и ќе го развијат регионот економски, при што палестинското население ќе биде раселено. Овие изјави предизвикаа осуда од бројни земји низ светот.

Трамп повтори дека Палестинците можат да се населат во Јордан или Египет, и покрај противењето на тие земји, како и на самите Палестинци, пренесува Би-Би-Си.

Во интервјуто, кое во целост ќе биде објавено вечерва, американскиот претседател рече дека САД ќе градат „прекрасни заедници“ за околу два милиони жители на Газа.

– Тие би можеле да имаат пет, шест или две. Но, ние ќе изградиме безбедни заедници, малку подалеку од местото каде што се наоѓаат, каде што е целата таа опасност, додаде Трамп.

– Посветен сум на купување и поседување на Газа. Кога станува збор за нејзината обнова, би можеле да ја дадеме на други земји на Блискиот Исток за да изградат делови од неа. Други луѓе би можеле да го направат тоа под наше покровителство. Но, ние сме посветени да ја поседуваме, да ја преземеме и да се погрижиме Хамас да не се врати, рече Трамп, без да објасни од кого ќе ја купи Газа или како САД ќе ја поседуваат територијата.

Тој вети дека „ќе се грижи за Палестинците“.

– Ќе се погрижиме тие да живеат убаво во хармонија и мир и да не се убиваат меѓусебно, рече Трамп, пренесе Би-би-си.

– Тие не сакаат да се вратат во Газа, тие се враќаат само затоа што немаат алтернатива, оцени американскиот претседател во интервјуто за Фокс Њуз.

Од Сања Костовска/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Конвертор латиница <-> кирилица
Алатка за конвертирање на текст од латиница во кирилица и обратно
Образование
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Трамп ја проширува предизборната битка и ќе се обиде да ги освои демократските бастиони

Чекале по осум часа на границата: Гужва од БиХ до Хрватска

„Блумберг“: Индија се подготвува да врати 18.000 свои граѓани од САД за да му удоволи на Трамп

Сериозен удар за малопродажбата во Србија

Откриен меѓународен ланец на проституција во Босна и Херцеговина

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Бајден ќе разговара со семејството за иднината на својата кампања

Свет

Бројот на бездомници во САД зголемен за 18 отсто

Најмалку 43 лица загинаа во пожар во трговски центар во Бангладеш

Свет

Австралија во борба против дигиталната зависност: 4,7 милиони профили затворени за еден месец

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?