Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Бизнис и Економија

ФАО: Цените на храната се намалуваат и во јануари

11.02.2025 00:29
Сподели

Рим, 7 февруари 2025 (МИА) – Цените на храната се намалуваат и во јануари, значително повеќе отколку на крајот на 2024 година, со значително поевтини растителни масла и шеќер, соопшти денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Индексот на цените на ФАО за потрошувачката кошничка со основни прехранбени производи во јануари во просек изнесувал 124,9 бодови, што е за 1,6 отсто пониско од декември, пресмета ФАО.

На крајот на минатата година цените паднаа за 0,5 отсто на месечно ниво.

Банер Банер BrandEcho

Споредбата со почетокот на 2024 година покажува дека цените на храната на почетокот на новата година пораснале за нешто повеќе од шест отсто.

Во јануари најмногу поевтинил шеќерот за 6,8 отсто во однос на декември, што ги одразува поволните временски услови за одгледување шеќерна трска во Бразил и укинувањето на извозните ограничувања во Индија.

Во јануари значително се намалија и цените на растителното масло, за 5,6 отсто во однос на декември, што го одразува поевтинувањето на палминото и маслото од репка. Цените на сончогледовото и маслото од соја се задржаа на нивото од крајот на минатата година.

Споредено со почетокот на минатата година, растителните масла и натаму се значително поскапени, за приближно 25 отсто.

Цените на месото исто така се намалија за 1,7 отсто во однос на декември, имајќи предвид дека ниските цени на овчото, свинското и живината го надминаа поскапувањето на говедското месо.

Цените на житото останаа на нивото од крајот на минатата година, при што пченицата е малку поевтина, а пченката поскапа, делумно поради намалените прогнози за производство и залихи во САД. Обилната понуда, пак, ги намали цените на оризот за 4,7 отсто во однос на декември.

На почетокот на новата година поскапеа само млекото и млечните производи за 2,4 отсто во однос на декември, а цените на сирењето се зголемија за 7,6 отсто.

Од Рената Пепељугоска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за стареење
Калкулатор кој прикажува колку брзо старееш.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Цените на нафтата продолжуваат да опаѓаат: Што значи тоа за глобалниот пазар?

Среброто во слободен пад: Што значи ова за инвеститорите?

Светска берза: На Волстрит избришани 2400 милијарди долари

Пад на продажбата на нови автомобили во ЕУ: Јануари донесе 3,9% помалку регистрации, но електричните возила растат за 24%

Крај на ерата на Costa Coffee?

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Бизнис и Економија

Кина доминира на глобалниот пазар на батерии: Што значи тоа за иднината на автомобилската индустрија?

Бизнис и Економија

Кина и Британија ги обновуваат економските преговори по шест години

Бизнис и Економија

Глобалната економија на пресврт: Тарифи, рецесија и нови извики

Бизнис и Економија

Paramount повторно во игра: Новата понуда за Warner Bros предизвикува бурни реакции

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?