Турски државјанин бил лишен од слобода на граничниот премин Деве Баир, откако при контрола на автобус што го управувал било утврдено дека приложил фалсификувана меѓународна зелена карта.
Како што информира полицијата, случајот се случил на 1 мај 2026 година во 21:10 часот, на влез во државата, кога полициски службеници извршиле гранична контрола на автобус со турски национални ознаки.
Притоа било утврдено дека возачот М.И.Г. (57) од Турција на увид приложил фалсификувана меѓународна зелена карта.
По преземените мерки, тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од ОВР Крива Паланка за понатамошна постапка.


