Дваесет и петгодишен жител на Свети Николе бил лишен од слобода на регионалниот пат кај Горобинска крстосница, откако при сообраќајна контрола било утврдено дека управувал возило под дејство на алкохол, а потоа и агресивно се однесувал кон полициските службеници.
Како што информира полицијата, случајот се случил на 1 мај 2026 година во 18:45 часот, кога било сопрено патничко возило „БМВ“ со бугарски национални ознаки, управувано од С.Г. (25) од Свети Николе.
По преземените мерки било констатирано дека возачот има 0,88 промили алкохол во крвта. Според пријавеното, тој потоа почнал агресивно да се однесува кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија.
По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.


