Уапсен Артан Груби

ФОТО: МВР

Како што информираат од МВР, на 23 февруари 2026 година во 06:10 часот, при гранична контрола бил приведен Груби (48), кој веднаш бил задржан за понатамошна постапка.

Против него се води истрага за: злоупотреба на службена положба, корупција и прекршување на процедурите за јавни набавки.

во рамки на предметот поврзан со работењето и договорите на Државната лотарија на Македонија.

Според обвинителството, постои сомнеж дека со спорни одлуки и договори била предизвикана финансиска штета од околу 500 милиони денари (над 8 милиони евра), при што биле фаворизирани одредени економски субјекти.

Судот претходно му има изречено мерка притвор, а по него била распишана потерница поради непојавување пред надлежните институции.

Сподели ја оваа објава