Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Reading: Унгарија воведува програма „Златна виза“ за странски инвеститори
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Follow US
Home » Blog » Унгарија воведува програма „Златна виза“ за странски инвеститори
Свет

Унгарија воведува програма „Златна виза“ за странски инвеститори

02.08.2024
Share
SHARE

Будимпешта, 2 август 2024 (МИА) – Од почетокот на следната година во Унгарија започнува таканаречената програма „Златна унгарска виза“, одобрена од Владата на премиерот Виктор Орбан.

Со купување недвижнина во Унгарија, инвеститорот ќе добие право на десетгодишен престој во земјата, а исто така ќе добие унгарски пасош, кој ќе му овозможи неограничено движење во Шенген зоната. Услов е купување недвижнина со вредност од најмалку половина милион евра.

Втората опција за добивање десетгодишна дозвола за престој и унгарски пасош е инвестирање од најмалку 250.000 евра во инвестициски фондови за недвижнини кои ги издава Унгарската народна банка. Третата опција е јавна донација од најмалку еден милион евра.

Законот не наведува дека оваа пракса не треба да се однесува на државјаните на Руската Федерација и Белорусија. Истовремено, Русија повеќе од две години води агресорска војна против соседна Украина, а режимот на белорускиот претседател Александар Лукашенко ја поддржува руската агресија.

Ad image

Како што истакнува порталот Index.hu, најголем интерес за оваа програма досега покажале граѓаните на Кина.

– Кинезите се уште денес заинтересирани за недвижнини во главниот град, забележа Оран Бен-Езра, експерт за продажба на недвижнини во Будимпешта. – Некои нови недвижнини во Будимпешта се прескапи дури и за странските купувачи, па бараат поевтини опции на периферијата на градот, додаде тој.

Унгарија исто така ќе има корист од програмата „Златна виза“. Државата и Унгарската народна банка на краток рок ќе имаат корист од доаѓањето на странските инвеститори и тоа ќе го поттикне пазарот на недвижнини, рече Бен-Езра.

Но, Русите и Белорусите уште од јули оваа година можат да влезат во Европската Унија преку Унгарија. Тие можат да се регистрираат во земјата како странски работници со национална лична карта и потоа да користат слободно движење во рамките на Шенген.

Андраш Рац, унгарски експерт за Руската Федерација, изјави дека со овој чекор Унгарија широко го отвора пазарот на труд за Русите и Белорусите. Рац го гледа ова како голем безбедносен ризик.

Унгарија одлучи од 8 јули 2024 година граѓаните на осум земји – Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Белорусија, Молдавија, Црна Гора, Руската Федерација, Србија и Украина – да можат да работат на нејзината територија под поволни услови.

Барањето за национална лична карта може да се поднесе за две години, но потоа е можно повторно поднесување барање за продолжување на нејзината валидност секој пат за уште три години без никакви дополнителни ограничувања.

Од Сања Костовска/МИА

You Might Also Like

Советник на Путин: По нападот на Курск, Русија не е подготвена на мировни преговори со Украина

Евакуирана железничката станица Сен-Шарл во Марсеј поради оставен багаж

Стотици илјади луѓе учествуваа на протестите низ САД против Трамп и Маск

Во Јужна Каролина извршена прва смртна каза по 13 години

Њујорк Пост: Бајден за време на мандатот 40 отсто од времето го поминал на одмор

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Балкан

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко
„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија
Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?