Важно за возачите: Еве каква е состојбата на патиштата утрово низ Македонија

ФОТО: Општина Делчево

Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат надлежните служби во најновиот билтен за состојбата на патиштата.

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ потсетуваат дека зимската опрема е задолжителна за сите возила од 15 ноември 2025 до 15 март 2026 година, без разлика на актуелните временски услови, и апелираат возачите да ја почитуваат оваа законска обврска.

И покрај поволните услови, возачите се повикуваат на зголемена внимателност, особено на патиштата кои минуваат низ клисури, котлини и речни долини, каде постои ризик од појава на одрони. Како покритични делници се издвојуваат правците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поради сезонски режим, патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица останува затворен за сообраќај за сите видови возила до 31 март 2026 година.

Измени поради градежни активности

Повеќе делници низ државата и натаму се под времен режим на сообраќај поради тековни градежни работи:

  • На Коридор 10, на делницата Прилеп – Битола, сообраќајот е пренасочен по регионалниот пат Р1101.
  • На скопската обиколница (државен пат А2), во делот од клучка Волково до клучка Кондово, се врши рехабилитација на коловозот, при што е затворена левата лента за претекнување.
  • На експресниот пат Крива Паланка – Страцин, кај село Петралица, сообраќајот се одвива со рачна регулација во текот на денот, а во вечерните часови со семафорска сигнализација.
  • Поради санација на свлечиште, воведена е привремена измена на режимот на сообраќај на регионалниот пат Косоврасти – Мелнички Мост.
  • На делницата Гостивар – Стража, кај мостот Здуње, сообраќајот се одвива наизменично со семафори поради градежни зафати, кои ќе траат повеќе месеци.

Надлежните апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат поставената сигнализација и привремените режими, со цел поголема безбедност и избегнување на застои.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава